С О Б Р А Н И Е
Април 2011


Врз основа на член 37 од Статутот на Друштво за земјоделско-сточарско производство, преработка и промет на големо и мало СКОВИН АД Скопје, а во врска со член 385 и 387 од Законот за трговските друштва, Одборот на директори

 О  Б  Ј  А  В  У  В  А

П  О  В  И  К

до акционерите за учество на Собрание на СКОВИН АД Скопје

Собранието ќе се одржи на ден 08.04.2011 год. со почеток во 12,00 часот во просториите во седиштето на друштвото на ул.15-ти Корпус бр.3 во Скопје.

За работата на седницата на Собранието се предлага следниот:

Д  Н  Е  В  Е  Н      Р  Е  Д

I    Процедурален дел

  • Избор на претседавач со Собранието
  • Избор на бројач на гласови

II    Работен дел

  1. Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи ревидирани со Мислење на овластен ревизор и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2010 година, со предлог одлуки.
    - Годишната сметка
    - Финансиските извештаи
    - Годишниот извештај за работењето
    - Одлука за одобрување на годишен извештај за работа од
    извршен директор

    - Одлука за одобрување на годишната сметка за 2010 г.
    - Одлука за одобрување на финанските извештаи за 2010 г.

  2. Донесување Одлука за распоредување на добивката за деловната 2010 година, со предлог  одлука.
    - Одлука за распределба на добивката

  3. Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од Неизвршните членови на Одборот на директори на Друштвото, за резултатите од извршената контрола врз работењето на Друштвото за 2010 година, со предлог одлука. 
    - Извештај од неизвршните членови на одботот на директори
    - Одлука за одобрување извештај од неизвршните членови на одборот на директори на деловната 2010 година

  4. Расправа и одобрување на работата на членовите на Одборот на директори на Друштвото, за начинот на водењето на работењето на друштвото во деловната 2010 година, со предлог одлука.
    - Одлука за одобрување на работењето на одборот на директори

  5. Донесување на Одлука за назначување на овластен ревизор за вршење ревизија на Годишната сметка и Финансиските извештаи за деловната 2011 година, со предлог одлука.
    - Одлука за избор на ревизор

Вкупниот број на акции во СКОВИН АД Скопје и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик се 1096954.

Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието(пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Пријавите да се доставуваат до СКОВИН АД Скопје, на ул.15-ти Корпус бр.3 во Скопје.

Секој акционер може да овласти со полномошно(физичко или правно лице) свој полномошник на Собранието на друштвото, со давање на полномошно во писмена форма(без обврска да го завери полномошното на нотар).  Акционерот треба веднаш, по писмен пат, да го информира Друштвото,  за назначување на свој полномошник на Собранието, преку архивата на Друштвото. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за дадено полномошно, Ќе се смета дека не го дал полномошното. Полномошникот може да гласа по сопствена определба, но секогаш  водејки сметка за интересите на акционерот кој му го дал полномошното, освен во случај ако полномошното не содржи ограничувања или инструкции за гласање.

За полномошник на Собрание можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има  конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките од дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.

Обрасците за гласање преку полномошник се достапни за преземање од интернет страницата www.skovin.com.mk  

Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на Друштвото и Законот за трговските друштва.

Гласањето на точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и да предложат усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред, а сето тоа во рок од 8 дена од денот на објавувањето на овој повик, до Одборот на директори по писмен пат.
Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Собранието на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку интернет страницата на друштвото.

Материјалите и документите подготвени за Собранието, како и дополнителните информации согласно Законот за Трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвот и на официјалната интернет адреса на Друштвото www.skovin.com.mk .

Скопје, 11.03.2011 год.
Бр.681-5

Одбор на директори

Претседател
Димитар Петрушевски



 



8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!