Најголемиот прогрес којшто Сковин го бележи во последниве години е драматичното подобрување на квалитетот на белите вина, со што направивме џиновски чекор пред сите други винарии во Македонија.
МАКЕДОНСКО БЕЛО
Квалитетно суво бело вино произведено со купажирање на бели сорти од Скопското виногорје. Питко и свежо со светло-жолтеникава боја, хармоничен вкус и богата овошна арома.
Пријатно е и кога се пие само, но одлично се слага со месо од живина, салати и морска храна. Најдобро е на температура од 10-12 °C.