 |
БРУТ ЕКСТРА
СУВО ПЕНЛИВО ВИНО
Врвен производ добиен од вино Шардоне по класична метода, односно секундарна ферментација направена во секое шише посебно.
Умешноста и ентузијазмот на енологот, содржани се во моментите кога безброј меурчиња се издвојуваат од дното на чашата и како ситни перли се ослободуваат и разлеваат по површината на виното. Со својата бројност ни го свртуваат вниманието, затоа овој момент го нарекуваме игра на перли.
Како синоним за радост и добро расположение, пенливото вино покрива широка палета на вкусови и може да се користи во речиси секоја прилика. Се служи оладено, на температура 4-6°C, од аперитив до десерт.
|