Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.
ВРАНЕЦ
Квалитетно суво црвено вино со јака боја, богат екстракт, хармонично и компактно, притоа задржувајќи ја аромата на грозјето што доловува мирис на шума и шумски плодови.
Се служи на собна температура со црвено месо, печено свинско,
димено месо...
Награди
2002 – Златна – Свет Вина, Београд
2003 – Златна – Medjunarodni Poljoprivredni sajam, Novi Sad
2004 – Златна – Medjunarodni Poljoprivredni sajam 2004, Novi Sad
2005 – Сребрена – Vino Ljubljana 2005, Ljubljana
2006 – Златна 2001 – Medjunarodni Poljoprivredni sajam, Novi Sad