Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.
ВОДНО
МЕРЛО - ВРАНЕЦ
Мешавина од сортите на грозје Мерло и Вранец, одгледани на јужните падини на Водно. Основниот овошен вкус го дава Мерлото.
Виното е со рубин црвена боја, богато со меки танини, нежно и пријатни киселини.