Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.

SCUPI CUVÉE

Врвно суво црвено вино добиено од сортите Сирах, Каберне Совињон и Вранец, сопствена берба од микролокалитетот "Четири Патишта"

Балансирано, богато и здрело Сирах со префинетоста на елегантното Каберне Совињон, комбинирано со привлечните ароми и структурата од Вранецот, се прекрасен избор на овошни ароми кои ја задоволуваат палетата на вкусови. Комплексно вино што овозможува пријателство со широк избор на јадења и кулинарски искуства.

Најдобро е да се служи на температура помеѓу 18 и 20°C







8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!