Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.

САНЏОВЕЗЕ

Санџовезе е вино добиено од сертифицирано органско грозје во конверзија од сопствени лозови насади. Претставува купажа на грозје од 80% Санџовeзе, 10% Каберне Сoвињон  и 10% Аликант Буше.

Се одликува со рубин црвена боја и вкус на темно зрнесто овошје, како рибизла и капина. Виното е полно, добро избалансирано.

Се консумира на температура
од 18 – 20 °C.








8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!