Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.
РОЗЕ
Виното е добиено од најдобрата шира. изразито суво, освежително и со типична арома на зрнесто овошје.
Препорачливо е особено за моменти на релаксација во природа.
Се служи со летни салати, свежа храна и разни сувомесни производи, изладено на температура
од 10°C до 12°C.