Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.

ПРАЗНИЧНО ВИНО

Вранец квалитетно суво црно вино од Скопското Виногорје. Потентно машко вино што остава црвени траги на забите и креира блага еуфорија во душата. Ова моќно вино е произведено од сортата Вранец од сопствените плантажи на Сковин на јужните падини на Водно на надморска висина од над 500 метри. Изобилството на сончеви денови, високата надморска височина и почвата го овозможува богатството на ароми на грозјето кои со зреење на виното се трансформираат во богато комплексно буке.

Виното го одразува јужњачкиот темперамент на Македонија со живата темно црвена боја, богатство на полифеноли, ароматични материи и екстракт што ја исполнуваат устата.
Како моќно вино со богато тело ова вино го препорачуваме со сирења, јадења со црвено печено месо и за типичната македонска кујна.

Најдобро на температура од  16-18 °C.






8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!