Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.

МЕРЛО

Елегантно црвено вино, добиено од грозје произведено во Скопското виногорје. Се одликува со жива рубин црвена боја и силно изразени ароми на зрела цреша и вишна. Меко е и хармонично. Неговите нежни танини му даваат потполност и долг завршеток.

Се служи на температура од 16 - 18 °C, со разни ферментирани сирења, лесни јадења од црвено месо, како и со традиционални десерти.

 







8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!