Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.
МАКЕДОНСКО ЦРВЕНО
Квалитетно црвено вино добиено со купажа на различни сорти црно грозје со потекло од Скопското виногорје. Умерено полно, со дистинктивно буке, пријатни киселини и нежна опорост. Аромата потсетува на ситно зрнесто црвено овошје.
Се служи на собна температура со свинско печено и дивеч.