Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.
КАЛЕ
Квалитетно суво црвено вино, добиено со мешање на вината Мерло, Каберне совињон и Вранец.
Интензивна црвена боја, прекрасна комплексна арома, добро избалансиран мирис на цвеќиња со нијанси на капина, малина и рибизла.
Се служи на собна температура со јако месо, печено свинско, телешко и димено месо.
Награди
2003 – Златна – Medjunarodni Poljoporivredni sajam, Novi Sad
2003 – Сребрена – Monde selection, Concurs international des wines 2003, Bruxelles
2003 – Златна – Агроекспо 2003, Скопје
2003 – Златна – Свет Вина, Београд, СЦГ
2004 – Бронзена – Tne International Wine Challenge Moscow, Russia 2004
2005 – Златна – Medjunrodni Poljoprivredni sajam, Novi Sad 2005