Производството на црвени вина е повеќе уметност. Тука доаѓа до израз умеењето и стилот на винарите. Причината е во тоа што постојат повеќе варијабли, како што се времето поминато на комиње, температурата на ферментација, начините на екстракција на боја, времето на зреење во дрвени буриња (barrique) и типот на бурињата, како и ракувањето со виното.

CABERNET SAUVIGNON

Квалитетно вино добиено од француска сорта со печат на македонското поднебје. Се одликува со рубин црвена боја и богато буке. Има комплексна арома со мириси на зачини, црвена пиперка и минерални тонови. Содржи меки и топливи танини и избалансирани киселини.

Се служи на температура од 16 - 18 °C, со јадења од црвено месо, традиционална македонска кујна, како и со силни чоколадни десерти.






8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!