09 Јуни 2010
Промоција на новото вино Sun City во Скопје

Уникатна локација на лозјата на Сковин на јужните падини на Водно, област популарно наречена „ Сончев град“ , на надморска височина од 400- 600 метри, идеалната  комбинациај од автохтони и интернационални сорти, специфичните агро – технички мерки што се аплицираат во лозовите насади и успешното усогласување на традиционалното производство на вино со современите технологии, се дел од сплетот фактори што придонесуваат за добивање вина со врвен и единствен вкус и стил. Тајната состојка која ги дополнува сите овие посебности е умешноста и искуството на винарот, зашто винарството пред се е повеќе уметност отколку технологија и наука.

Новата колекција на Сковин е подготвена на база на обемни маркетинг анализи во соработка со домашни и еврпоски експерти. Потрошувачите пријатно ќе се изненадат со новите типови на вино во кои ќе имаат прилика да уживаат - еден сосема нов слободен приод, спротивен на конзервативните стилови, нешто што досега го немаме видено од Сковин.

Новата палета на вина на винаријата Сковин – Sun City ги содржи трите основни типа на вино: бело, розе и црвено.


Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player



13 Мај 2010

Нови производи


Сковин на пазарот промовира нови 2 пакувања квалитетно наливно вино, црвено и бело, во фамилијарно пакување.

Следува :
Промоција на новото вино
SUN CITY (црвено, бело и розе)
Локација:Хотел Белви
Датум 29 Maј, 2010, 20,00 часот


28 април 2010
Нова ексклузивна продавница
СНа ден 21.04.2010 година е отворена нова ексклузивна продавница - винарница во Ристиќева палата на Плоштад Македонија.






20 април 2010
Наградени вина на Сковин во Хрватска


Загрепскиот велесаем е организатор и на меѓународно оценување на вино со стручно оценување во состав на саемот ВИНОВИТА, одржан од 14 до 17 април, 2010 година, по петти пат во Хрватска, под високо покровителство од ОИВ-Меѓународна канцеларија за вино и лоза во Париз. Во категоријата на суви вина се оценуваа 173 мостри на вина во силна конкуренција од Босна и Херцеговина, Чешка, Германија, Италија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и Македонија.

Задоволство ни е да објавиме дека во категоријата на СУВИ ВИНА ‘Scupi Cuvee 2006‘ доби почесна ЗЛАТНА ДИПЛОМА - ВИНОВИТА.


30 март 2010
Органско вино на Сковин


Сковин е пионер во органското производство на винова лоза во Македонија. Четирите години на подготовка, дисциплинирана и стандардизирана обработка на насадите со органско производство ги дade првите плодови. Ова ќе ни овозможи да им понудиме не само квалитет и уживање на нашите консументи, туку и чувство дека производот во кој уживаат е добиен без загадување на околината, согласно со највисоките еколошки стандарди и е целосно природен.






8 декември 2011
Галерија на слики
Промоција на новиот
видео запис на Елена
Петреска и Александра
Бучевац во Ciao Café, Скопје
повеќе»







 
Секој петок
G-Spot кафе
Дебар Маало, Скопје

Аfter work забава со Сковин Винарија Со две купени вина од 0,187л следува закуска!