Нова наградна игра на АД ЕВРОПА и СКОВИН АД

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

„Овие празници АД ЕВРОПА и СКОВИН АД ти даваат... Причина повеќе да подаруваш“

 

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри, се утврдуваат следните правила на Наградната игра:

ОРГАНИЗАТОРИ

Член 1

Организатори на Наградната игра „Овие празници ЕВРОПА и СКОВИН ти даваат… Причина повеќе да подаруваш“ (во понатамошниот текст Наградна игра) се АД ЕВРОПА Скопје, со седиште на ул. 808 бр. 8, 1000 Скопје, EМБС 4054016, EДБ 4030954262848, застапувано од Генерален директор Марика Караџова  и СКОВИН АД Скопје, со седиште на ул. 15-ти Корпус број 3, со ЕМБС 4212274 и ЕДБ 4030991217925, застапувано од Генерален директор Билјана Тодоровска.

ПРОИЗВОДИ ЗАРАДИ ЧИЕ РЕКЛАМИРАЊЕ СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 2

Наградната игра се организира со цел рекламирање на целокупниот асортиман на производи на организаторите АД ЕВРОПА Скопје и СКОВИН АД Скопје.

ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на наградната игра е „Овие празници АД ЕВРОПА и СКОВИН АД ти даваат... Причина повеќе да подаруваш“.

Наградната игра „Овие празници АД ЕВРОПА и СКОВИН АД ти даваат... Причина повеќе да подаруваш“ е игра на среќа наменета за потрошувачи коишто ќе купат производи од асортиманот на АД ЕВРОПА Скопје и/или СКОВИН АД Скопје во износ од минимум 300 денари на една фискална сметка од продажните салони на ЕВРОПА, Сковин, Wine & Chocolate и сите маркети на територија на Р. Македонија во кои се достапни овие производи, а кодот од фискалната сметка ќе го испратат по СМС порака на телефонскиот број 149 491.

Наградната игра ќе биде со времетраење од 10 декември 2018 година (со почеток од 00:01 часот) до 20 јануари 2019 година (до 23:59 часот).

ТЕРИТОРИЈА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 4

Наградната игра се организира на територија на Р. Македонија за сите полнолетни жители на Р. Македонија.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА, ВРЕДНОСТИ НА НАГРАДИТЕ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

 

*Вредностите во табелата се искажани во денари.

*Одговорност за исправноста на доделените производи, како и гаранција паѓа на товар на добавувачот. Трошоците за регистрација и сите други давачки поврзани со пренос на сопственост на автомобилот на име на добитникот паѓаат на товар на добитникот.

Вкупниот награден фонд изнесува 1.554.652,oo денари (еден милион петстотини педесет и четири илјади шестотини педесет и два денари)

Количините на награди од Наградната игра е ограничен и во никој случај нема да бидат доделени повеќе награди од они кои што се претходно определени. Нема да постои замена на награди со други парични награди или други типови награди од иста вредност.

Наградниот фонд е обезбеден од страна на организаторот на наградната игра.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Учесник во Наградната игра е секој полнолетен граѓанин на РМ – потрошувач кој ги исполнува условите од член 3 од овие Правила.

Вработените кај организаторите на наградната игра и/или по друг основ ангажирани кај организаторите, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра. Забрането е учество и на вработени и нивни потесни семејства од НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, Ул Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје со ЕМБС 6179711 и Агенција за маркетинг Бренд Јунион ДОО Скопје, бул. „Партизански Одреди“, бр. 43а/1-15, 1000 Скопје со ЕМБС: 6761968.

Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на награда и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра.

Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени кај организаторите.

Со учество во Наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите од овие правила и ја изразуваат согласноста во поглед на истите.

ТЕК НА ПОСТАПКА НА ПРИРЕДУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во наградната игра имаат сите лица определени во член 6 од овие правила, кои ги прифаќаат условите од овие Правила.

Со купување на било кои производи од асортиманот на АД ЕВРОПА Скопје и/или СКОВИН АД Скопје во вредност од минимум 300 денари во периодот на траење на наградната игра, на една фискална сметка на територијата на РМ, учесниците имаат можност да го испратат кодот од фисклната сметка на телефонскиот број 149 491 и да учествуваат во Наградната игра. 

Содржината на СМС пораката која што треба да се испрати на телефонскиот број 149 491 за учество во наградната игра е: #број на фискалната сметка, празно место, час и минути на купување.

Учесникот во наградната игра е должен да ја чува неоштетена фисклната сметка до крајот на наградната игра.

За реализација на наградната игра ќе бидат спроведени 4 мини извлекувања и тоа на:

  • 19 декември ќе бидaт доделени следните награди: 1 х iPhone XR, 9 x пакет производи
  • 29 декември ќе бидат доделени следните награди: 1 х Sony Playstation, 9 x пакет производи
  • 8 јануари  ќе бидaт доделени следните награди: 1 х Електричен тротинет, 9 x пакет производи
  • 18 јануари ќе бидат доделени следните награди: 1 х Canon EOS M100, 9 x пакет производи


Главното извлекување ќе биде на 25 јануари кога ќе бидат доделени следните награди:

  • 1 х Jeep Renegade 1.4 Mair 2WD Longitude
  • 3 х iPhone XR
  • 2 х Sony Playstation
  • 1 x Canon EOS M100
  • 1 х Електричен тротинет
  • 2 x Go Pro Hero7 White
  • 54 x Пакет производи

МЕСТО, ВРЕМЕ, НАЧИН, ПОСТАПКА и КОНТРОЛА НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Извлекувањето на наградите на четирите мини извлекувања определени во член 7 (19 декември, 29 декември, 8 јануари и 18 јануари) ќе се врши во 12 часот во просториите на организаторот АД ЕВРОПА Скопје – улица 808 број 8, 1000 Скопје.

Во секое од мини извлекувањата ќе учествуаат сите учесници кои до денот на секое мини извлекување имаат испратено код од фискална сметка со износ од минимум 300 денари на телефонскиот број 149 491.

Главното извлекување на 25 јануари ќе се врши во просториите на организаторот АД ЕВРОПА Скопје – улица 808 број 8, 1000 Скопје во 12 часот.

Во главното извлекување ќе учествуваат сите учесници кои имаат испратено код од фискална сметка со износ од минимум 300 денари на телефонскиот број 149 491 од почетокот на наградната игра 10.12.2018 година до завршувањето на наградната игра 20.01.2018 година.

Учесниците имаат право да учествуваат во наградната игра (во главното и во сите мини извлекувања), по нивен сопствен избор со една или повеќе фискални сметки, односно со различни фискални сметки и доколку определен учесник е извлечен за една награда со една фискална сметка, истиот тој учесник не може да биде извлечен повторно за друга награда со истата фискална сметка за која претходно добил награда.

Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принцип на случаен избор од страна на компјутер, за што е изготвен специјален софтвер за таа намена во кој се зачувани сите испратени кодови.

Софтверот кој е наменет за извлекување на добитниците ќе биде изработен од страна на НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, Ул Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје со ЕМБС 6179711 и истиот ќе се чува во седиштето на НТХ МЕДИА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје – ул. Црвена Скопска Општина бб, 1000 Скопје.

Извлекувањата на сите награди ќе бидат јавни, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници кои ќе бидат избрани од страна на организаторите на наградната игра.

При извлекувањата, ќе биде извлекуван по 1 добитник на секоја од наградите и по 1 резервен добитник.

За секое извршено извлекување ќе биде составен записник кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата во кој ќе биде наведени кодот на фискалната сметка и телефонскиот број од кој истиот е испратен, како и  добената награда.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на Наградната игра.

Во случај да не може да се стапи во контакт со добитникот на наградата или истиот не може да се потврди како валиден добитник, резервниот добитник ќе се земе во предвид како добитник.

НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ, НАЧИН И РОК НА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 9

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од излекувањето на наградите на веб страните на организаторите: www.evropa.com.mk и www.skovin.mk како и на социјалните мрежи.

Организаторите се должни во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградата да го контактираат секој учесник кој што освоил награда со јавување на бројот од каде што е испратен кодот на фисклната сметка.

Добитниците на наградите се должни во рок од 15 дена од денот на објавување на наградите да ги подигнат наградите од седиштето на АД ЕВРОПА Скопје – улица 808 број 8 1000 Скопје.

За да ја подигне својата награда, добитникот на наградата мора да ги исполнува условите наведени во овие официјални правила, како и:

Да се легитимира со документ за лична идентификација или со нотарски заверено полномошно, како и важечка лична карта како ополномоштено лице во случај наградата да ја прима полномошник во замена за добитникот – физичко лице
Претходно да го извести организаторот доколку наградата ја прима преку полномошник
Да ја презентира неоштетена фисклната сметка со која учествува во Наградната игра, која треба да се потврди како важечка од страна на овластено лице на организаторите.
Подигнувањето на наградата се потврдува со потпишување записник помеѓу добитникот и претставник на Организаторите, а по презентирање на документите согласно претходниот став.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот од страна на овластено лице од Организаторите, само доколку таа биде подигната лично од добитникот или преку од него овластено лице со заверено полномошно во определените рокови и доколку е приложена валидна фискална сметка. Доделување награда на каков било друг начин или на друго лице не е дозволено.

Добитникот на наградата го губи правото да ја добие соодветната награда во случај ако:

Се откаже од примањето на наградата, со изјава во писмена форма
Не е достапен за контакт во рокот определен во став 2 од овој член
Во предвидениот рок за доделувањена наградата не ги достави потребните информации и документи согласно став 4 од овој член, кои се неопходни за доделување на наградата.

Ако не се додели наградата на добитникот поради губењето на правото како што е опишано во претходниот став, наградата ќе биде доделена на извлечениот резервен добитник.

По конечната реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторите на наградните игри кон добитниците.

НАЧИН НА ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА СО ПРАВИЛАТА НА ИГРА

Член 10

Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на Организаторите: www.evropa.com.mk и www.skovin.mk по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.

За известување за Наградната игра ќе бидат користени некои од следните средства:

  • Рекламирање на социјални мрежи и на Google
  • Онлајн дисплеј огласување
  • ТВ огласување
  • Радио огласување
  • ПР Кампања
  • Закуп на билборди

ОДГОВОРНОСТ

Член 11

Учесникот разбира и се согласува дека учествува во Наградната игра по своја сопствена волја и на свој сопствен ризик и трошок.

Организаторите не даваат гаранција на кој било учесник дека ќе биде добитник на награда, без разлика на бројот на испратени СМС пораки.

Организаторите не одговаарт во случај кога наградата не може да биде доделена поради неможност добитникот или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничкувања или секакви други околности кои се надвор од негова контрола.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 12

Незадоволниот учесник во наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до Организаторите на Наградната игра и тоа на адресата на организаторот АД ЕВРОПА Скопје – улица 808 број 8 1000 Скопје.

Организаторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 8 дена од денот на приемот на приговорот и за тоа писмено да го извести учесникот.

Евентуално недоразбирање ќе се решава во духот на добрите обичаи и спогодбено, а во случај на спор надлежен е Основниот суд во Скопје, а применливо позитивното право на Р. Македонија.

ЗАМЕНА И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДИТЕ

Член 13

Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторите. Замена на наградите со други предмети

или други противвредности не е дозволена. Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број награди од назначениот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ

Член 14

Со испраќањето на СМС порака за учество во наградната игра, учесникот се стекнува со право на учество во наградната игра и:

Се согласува со овие официјални правила на игра
Дава согласност да се обработуваат неговите лични податоци само за целите на учество во Наградната игра;
Учесникот во наградната игра ја дава својата согласност Организаторите да ги обработува неговите лични податоци исклучиво заради спроведување и администрирање на учеството во наградната игра.

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени.

Со учеството во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторите, за користење при реализација на наградната игра без временско ограничување.

Организаторите има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторите не смеат да ги користат подстоците за било која друга намена која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребие на наградната игра. Личните податоци на учесниците во наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на личните податоци.

За учество во јавни настапи на организатоите со прмотивен карактер во врска со потребите на објавување на добитниците и врачување на наградите, потребна е дополнителна согласност од секој добитник. За учество во ваквите јавни настапи, добитниците немаат право на дополнителен надоместок.

Информации во врска со Наградната игра и Официјалните правила на Наградната игра можат да се добијат во просториите на организаторите на награднатата игра или на веб –страните на организаторите.

Овие Официјални правила влегуваат во сила од денот на нивното објавување. Тие ќе бидат објавени најмалку 1 (еден) ден пред почетокот на Наградната игра, а по претходно добиено одобрение од Министерството за финансии на Р. Македонија.